Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зeкири пред пратениците во Собранието праша дали поглаварот на ИВЗ е заштитена мечка.
„Ако сме сите исти, Сулејман Реџепи, од пред 80 години опстојува и покрај скандалите. Тој се умилкува на сите власти. Работи незаконски. Тој се врати на чело на ИВЗ со калашникови и се постави за доживотен. Инститицијата ја претвори во свој пашалак. Тој е нечесен и криминалец поради начинот на кој раководи“ рече Зеќири.
Тој го обвини Реџепи дека ги злоупотребувал визите за аџиите. Тие, како што рече Зеќири, се издаваат од Саудиска Арабија за одреден број верници, а тој ги наплаќа.
„Цената им ја наплаќа за 500 евра. Дали трудова инспекција некогаш ќе влезе во ИВЗ, дали на имамите им плаќа инвалидска пензија? И финансиска полиција дали ќе влезе да провери како се менаџира, ИВЗ се уште имотот под кирија го наплаќа со каса- прими“ обвини Зеќири.
Премиерот Заев рече дека Трудова инспекција ќе добие налог директно од него.
„Неколу институции се во контрола на МПЦ и ИВЗ, има процеси поради Стразбур. Ова е сепак службен патоказ до владата да провери дали се плаќаат даноци, закупнини, придонеси и тн. Во сите верски заедници ќе постапиме, а сепак ќе внимаваме на секуларноста. Ако се утврдат недостатоци ќе ги објавиме“ рече Заев.
Галена Николовска-Ризвановиќ