Недостиг на напредок за ирската границата би можел да го загрози договорот за Брегзит

Од:

Лидерите на 27-те земји, кои ќе останат во ЕУ по излегувањето на Велика Британија, предупредија денеска дека ако не биде постигнат напредок по прашањето за ирската граница, може да биде загрозен целиот договор за Брегзит, јави ДПА.

– Постигнавме напредок (во преговорите), но остануваат сериозни несогласувања, особено за Ирска и Северна Ирска, изјави главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние.

– Ние сакаме договор и јас работам на договор, но времето е кусо, додаде тој.

По средбата во Брисел, лидерите на ЕУ во заедничко соопштение изразија „загриженост што досега не е постигнат значителен напредок” по ова прашање.

Лондон претходно вети дека ќе претстави „бела книга” за својата визија за идните односи со ЕУ.

– Ја очекуваме од Велика Британија белата книга и се надевам дека таа ќе содржи спроведливи и реални предлози, рече Барние.

Прашањето за тоа како да се избегне цврста граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која ќе ја напушти ЕУ со остатокот од Велика Британија во март 2019 година, стана едно од најгорливите прашања поврзани со Брегзит.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина