Заев на „Фејсбук“: Го видовме нашето место на мапата на НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на која заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гледаат во мапата на земјите членки на НАТО.

„Го видовме нашето место на мапата членки на #НАТО. 30. место е за #Македонија. 30. јарбол е за македонското #знаме“, напиша Заев како опис на фотографијата.

Денеска заедно со Столтенберг, Заев одржа заедничка прес-конференција на која истакна дека Македонија ја очекува официјалната покана на претстојниот НАТО-самит. Столтенберг изјави дека вратата на НАТО е отворена, а Македонија е на прагот. Тој очекува на Самитот да ѝ биде врачена поканата на нашата земја, меѓутоа потенцира дека без исполнување на договорот, Македонија нема да може да стане дел од НАТО.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

„Ајдинлик“: НАТО влегува во самитот во Анкара со сериозни поделби

Расмусен: НАТО се распаѓа

А1он

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине