Обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен.
„Не сум виновен“, рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски.
Рекоа дека разбрале за што се обвинети, но дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот од СЈО, Артан Ајро го даде воведниот говор за обвинението за случајот „Трезор”.
Ова е прво изјаснување на Мијалков за признание на вина за случаите за кои го обвинува СЈО.
Воведни говори даваат адвокатите на обвинетите.
Васко Маглешов