На денешното рочиште за предметот на СЈО, „Трезор”, адвокатот на обвинетиот ексначалник на УБК, Горан Грујевски ја достави до судот одлуката за одбивање на барањето за екстрадиција на Врховниот суд во Атина, заверена од овластен судски преведувач.
Обвинителот Артан Ајро го повлече предлогот за раздвојување на постапката за Грујевски.
Побара да му се суди во отсуство, бидејќи како што рече Грујевски е во бегство.
„Во Грција Горан Грујевски е слободен граѓанин“, рече Ајро.
Адвокатот Василев се спротистави на предлогот да му се суди во отсуство, со образложение дека одлуката не е правосилна, односно го нема потписот на грчкиот министер за правда.
Василев се повика и на одлуката на претседателот Иванов за помилување.
„За овој случај беа помилувани сведоците, а не обвинетите”, му возврати Ајро.
Судот ќе ја чека официјалната одлука за екстрадиција од Министерството за правда.
Васко Маглешов