Повик за субвенционирање нискобуџетни авиокомпании

Од:

Детали за најавениот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании, со критериумите за распределба, ќе претстави денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со тендерот за таа намена се планирани над пет милиони евра во следните три години.

Претходно, Владата усвои Програма и уредбата за финансиска поддршка за домашни и странски авиопревозници.

Договорот со „Виз ер“, нискобуџетната авикомпанија, што во изминатите шест години добиваше субвенции од македонската Влада истекува месецов.

Со тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании, како што изјави неодамна Сугарески, заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи