Нови 762 дивоградби во Македонија минатата година

Од:

На територијата на Македонија минатата година се регистрирани 762 бесправно изградени објекти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување (18,1 процент), 122 доградби, надградби и адаптации (16 проценти), 78 деловни објекти (10,2 проценти). Нелегално биле изградени и 53 гаражи, 128 огради, 10 скалила (1,3 проценти), 15 тераси, 24 летни тераси, 65 настрешници, 34 времени објекти и 95 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти (99,5 проценти) се во приватна сопственост.

По локации, во скопските општини имало нови 157 дивоградби, каде предничи Карпош со 39, по која следат Бутел со 37, Центар со 23, Аеродром 13, Гази Баба 12… Во останатите општини, во Охрид има 68 нелегално изградени објекти, во Струмица 53, Куманово има 44 нови дивоградби, Велес 36 дивоградби, во Битола 21.

Во 2016 година надлежните институции регистрираа 1.037 бесправно изградени објекти, од кои 203 за домување, 174 доградби, надградби и адаптации, 168 огради, 111 деловни објекти,…

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

A1on

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески