ПСЖ е заинтересиран да го ангажира фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, особено откако тој посака да го напушти англискиот клуб заради конфликт со тренерот Жозе Мурињо.
Погба на „Олд Трафорд“ се врати за 105 милиони евра како најскап играч во Премиер лигата, но не ги исполни очекувањата на Мурињо и веројатно португалскиот стручњак, исто така, би сакал тој да замине од неговиот тим.
Британскиот весник „Сан“ тврди дека ПСЖ наводно е подготвен да го даде Марко Верати и плус 30 милиони евра како понуда до Манчестер јунајтед за Погба.
Англиските медиуми наведуваат дека за Погба интерес пројавуваат и Реал Мадрид и Јувентус, од каде фудбалерот премина во Манчестер јунајтед.