Македонија и Грција почнуваат разговори за поевтинување на роамингот

Од:

Македонскиот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и грчкиот министер за дигитална политика, телекомуникации и медиуми Никос Папас и телекомуникациски оператори од Македонија и Грција следниот месец ќе одржат средба за конкретни решенија и временска рамка за да започне процедурата за намалување на цените во роаминг меѓу Грција и Македонија.

Согласност за тоа е постигната на денешната средба на министрите Манчевски и Папас во Софија, соопшти македонското Министерство за информатичко општество и администрација.

Манчевски го информирал Папас за меморандумот за соработка и предвидените активности за намалување на цените за роаминг со Бугарија, како принцип којшто може да се примени и со Грција.

– Двајцата министри се согласија заедно со операторите од Македонија и Грција, да се сретнат во Македонија, крајот на следниот месец каде ќе се разговара за конкретни решенија и временска рамка за да започне процедурата за намалување на цените. Министерот Папас потенцираше дека ова ќе биде особено значајно за граѓаните, ако се има во предвид големиот број на грчки и македонски граѓани кои патуваат во двете земји, се вели во соопштението од МИОА.

Како што истакнал министерот Манчевски, станува збор за решение од кое ефектите ќе ги почувствуваат сите граѓаните и поради тоа постои цврста волја тоа да се реализира и во пракса.

Министерот Папас се осврнал и на искуството на Грција во делот на дигитализација на администрацијата и на земјоделството. Од МИОА укажуваат дека постои интерес од страна на Грција да ги споделат своите најдобри практики во тие области, за што исто така ќе се разговара во јули во Македонија. Целта на договорените средби е да се започне со конкретни активности и проекти, и дефинирање на потребните услови за нивна реализација.

Манчевски во Софија учествува на Дигиталното Собрание 2018 со кое стартуваше Дигиталната агенда за Западен Балкан на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

За 30 отсто поевтини роамингот за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028 цените се изедначуваат

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ