Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека не очекува “случајот Магнитски” негативно ќе влијае на деловната клима во Русија.
Изјавата на Медведев дојде во време кога американскиот Конгрес донесе закон со кој се воведуваат санкции и патни ограничувања за сите службени лица поврзани со смртта на адвокатот Сергеј Магнитски.
Рускиот адвокат, кој ги обвини руските официјални лица дека зеле 230 милиони долари, почина во затвор од панкреатитис, откако не доби медицинска нега.
РИА Новости, ја пренесоа изјавата на Медведев, дека бизнисмените не ги интересира ова прашање, туку дека случајот Магнитски е злоупотрен за политички цели во некои центри.