Фридленд доби отказ од „Нетфликс“ поради расизам

Од:

Компанијата „Нетфликс“ го отпушти главниот службеник за комуникации Џонатан Фридленд бидејќи за време на работните состаноци користел навредлив израз односно политички некоректниот термин „црнчиште“ (nigger).

Фридленд доби отказ откако вработените се побунија поради неговиот начин на комуникација.

Тој во „Нетфликс“ дојде од „Волт Дизни“, каде работеше седум години. Фридленд на Твитер напиша дека се служел со безобразен начин на изразување.

Извршниот директор на „Нетфликс“, Рид Хастинг во интерното писмо до вработените напиша дека употребата на несоодветни изрази покажува дека Фридленд има ниска свест за расната чувствителност.

„Нетфлик“ има 125 претплатници ширум светот, а во следниот квартал очекуваат уште 6,2 милиони корисници.

Би можело да ве интересира

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега