„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Од:

Во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе се одржи проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс „Лиминални простори-лиминални тела“.

Во организација на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, настанот е дел од последниот работен пакет „Напуштени места“, во склоп на проектот „Сиот свет е сцена-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици”, насловен „Напуштени места“.

Како што информираат од „Медиа Артес“, настанот ќе почне со проекцијата на краткиот експериментален филм „Лима“ (13 минути), кој низ танцовиот медиум се обидува да им вдахне живот или да им даде поглед од нов ракурс на неколку простори во Охрид, кои припаѓаат на модернистичкото наследство. Режисерот Батухан Ибрахим и кореографката Ивана Балабанова го осмислија и создадоа овој филм кој, играјќи си со спомените, минатото и трансформативната моќ на она што било и може да биде, прикажува една дисторзирана перцепција на просторот, телото и времето. Препуштајќи се на ритамот на овие простори, слушајќи ги нивните приказни и следејќи ја емоцијата, филмот креира еден нов свет во кој носталгијата се претвора во надеж. Во филмот играат ереза Лазарев, Стефани Шааршмидт, Софи Ларсон.

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Зенит Продукција, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, Танц бункер, НУЦК Григор Прличев Охрид, Охридтурист АД, Младински центар Охрид, ФДУ Скопје, Zurich University of The Arts

По филмската проекција, публиката ќе има можност да го погледне танцовиот перформанс „Лиминално тело-2“, дело на кореографката Ивана Балабанова.

-Овој перформанс го истражува концептот на лиминалност како одраз на современото човечко искуство. Вкоренет во танцот, но збогатен со влијанија од музиката и театарот, делото го истражува внатрешниот пејзаж на поединци кои егзистираат во состојба на постојана трансформација, фатени меѓу транзициите и кои се борат да се прилагодат во светот што ги обзема. „Лиминално тело-2“ не е само апстрактен концепт, туку одговор на притисоците на модерниот живот – обид да се ослободиме од културните, социјалните и капиталистичките ограничувања, се вели во најавата на перформансот.

Партнери: К.Ц. МЕДИА АРТЕС, Битрикс Културен Центар, Амбасадата на Швајцарија во РСМ и Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија, Lichthof theater Hamburg, Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, НУЦК Григор Прличев Охрид, КСП Центар-Јадро Скопје.

Вечерта ќе заврши со краток разговор со авторите, кој ќе им овозможи на присутните да ги споделат своите впечатоци и да добијат увид во креативниот процес потребен за создавање на овие дела.

Влезот за настанот е бесплатен, но потребно е претходно да се резервира место преку испраќање на е-пошта на [email protected] или порака на бројот 070 250 500.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола