Ристески: Опозицијата протестира од желба за власт по секоја цена

Од:

Секогаш кога ќе помислиме дека лажниот морал и лицемерието на СДСМ го достигнале најниското ниво тие како по правило потврдуваат дека секогаш можело и полошо, изјави на денешната прес-конференција Петар Ристески потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ ОК Прилеп.

Опозицијата, според Ристески, протестирала скриeна зад борбата за демократија а издадена од желбата за власт по секоја цена.

Г-да социјалдемократи во 1994 година се одржани единствените избори кои ги бојкотирала опозицијата. Зар тоа беше демократија? Не беше г-да, но тоа не ве спречи да назначите 600 судии во еден ден, да извршите срамна приватизација на фирмите и оставите 200 000 луѓе на улица. Тогаш се беше во ред, не ви требаа предвремени избори. Го нарекувате градоначалникот Марјан Ристески за ненароден, а тој на последните локални избори ве победи со 20 000 народни гласови разлика. Повторно само инсинуации и лаги. Каде ви е честа? Каде ви е образот? Ако воопшто сте ги имале? – праша Ристески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина