Пороен дожд, град и грмежи попладне и утре

Од:

Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и локални излевања.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, соопшти УХМР.

Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде во текот на наредните два дена се највуваат поројни врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски