Адеми: Нобеловецот Мурад е инспирација за истрајност и создавање вредности во науката

Од:

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска го одликува светски познатиот лекар и фармацевт, нобеловец, по потекло од Гостиварско, Ферид Мурад, со титулата почесен доктор на науки.

На свеченоста се обрати и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, кој изрази големо задоволство што има можност лично да му оддаде почит на еден од најпознатите светски научници, кој, како што рече, ги заслужува сите титули и признанија за постигнувањата и придонесот во областа во многу години работа.

„Дозволете да Ви честитам за ова ново признание што Ви го оддава Универзитетот ‘Мајка Тереза’, што исто така ме радува бидејќи сепак е најмладата високообразовна установа во Република Македонија, која се сети и го организира овој настан од особена важност за сите оние вклучувајќи нè и нас присутните овде, кои во Вас гледаме инспирација за да оставиме позитивен печат во нашето работење, дејствување, творење и создавање вредности во областа на образованието и науката“, рече Адеми.

Тој на нобеловецот Мурад му посака добро здравје, уште многу успеси и почести посети на Македонија, која, како што рече, особено се гордее на неговите успеси и ќе продолжи да му оддава признанија за работата и понатаму.

Ферид Мурад е роден 1936 година во Индијана, но неговото семејство потекнува од гостиварското село Лакавица. Добитник е на Нобелова награда за физиологија и медицина во 1998 година. Тој е почесен граѓанин на општина Чаир, почесен доктор на науки на Државниот универзитет во Тетово, а неговото име го носи општата болница во Гостивар.

Би можело да ве интересира

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа