Брунинкс: Голем напредок во мониторингот на животната средина и климата

Од:

Македонија направи голем напредок изминатите десет години во мониторингот на состојбите на животната средина и климата. Потребни ни се знаења со цел да можеме да направиме одлуки во Европа и во западнобалканските држави, особено во Македонија. Ова денеска го изјави извршниот директор на Европската агенција за животна средина – ЕЕА Ханс Брунинкс кој е во посета на Министерството за животната средина и просторно планирање.

Брунинкс смета дека квалитетот на знаењето и експертизата во Македонија се големи и оти имаме навистина големи предизвици како квалитетот на воздухот, квалитетот на водата и управувањето со отпадот.

– Потребни ни се знаења со цел да креираме политики и да најдеме најдобри солуции, рече Брунинкс, додавајќи дека се дел од една поширока мрежа на европски партнери од земјите од Европа и од Македонија и оти овозможуваат да се забрза усогласувањето со европските стандарди и европските процеси. Целта, како што рече, да се ангажираме заедно со другите европски актери за да ги зајакнеме локалните капацитети.

Брунинкс рече дека најголем предизвик во Македонија ќе биде креирање иднина за енергетика која треба да се усогласи со квалитетот на воздухот, визија за градовите, пред се Скопје, како можат да бидат поздрави и попријатни за живот и креирање повеќе зелени подрачја.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули истакна дека по интерните оценки и проценки во Агенцијата, Република Македонија има оценка 78 отсто. Индекс кој, како што рече, е многу подобар од повеќе земји членки на ЕУ.

Најави зајакнување на капацитетите на ресорното министерство, од аспект на човечки ресурси.

– Тоа пак има две дополнителни цели: да бидеме подобри и поефикасни во процесот на преговори и да бидеме поефикасни во имплементацијата на проектите кои заеднички констатиравме дека за жал, некои проекти, се одвиваат бавно и не онака како што посакуваме двете страни, ние и ЕУ, рече Макрадули.

Министерството за животната средина и просторно планирање е домаќин на третата официјална посета од страна на Европската агенција за животна средина – ЕЕА. Агенцијата е формирана од страна на Европската комисија и има мандат да ја информира јавноста, институциите, бизнисот, академијата и сите други засегнати страни за состојбата и перспективата на животната средина во Европа.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари