Министерот Дураки оствари работна средба со претставници на ЕЕА

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска оствари работна средба со високите претставници од Европската агенција за животна средина (ЕЕА), предводени од извршниот директор Ханс Брунинкс.

На средбата, како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, се разговараше за улогата на ЕЕА во правец на обезбедување на квалитетни и интегрирани податоци за животна средина, индикатори, проценки и тематски анализи со цел да се обезбеди солидна база на решенија за политики во животната средина во ЕУ.

Соработката, како што се наведува во соопштението, ги опфаќа не само државите членки, туку и државите кандидати и потенцијални кандидати и оние кои се опфатени со Европската соседска политика.

– Посебен акцент беше ставен на долгогодишната соработка со Македонски информативен центар за животна средина која беше оценета со највисоки оценки, а Република Македонија во овој дел е оценета како една од најдобрите во регионот. Двете страни се заложија за продолжување и унапредување на соработката, особено во услови на унапредување на претпристаните процеси кон Европската унија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Средбата е во рамки на третата официјаната посета на Република Македонија од страна на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари