Невремето униште 5.000 хектари посеви во овчеполскиот регион

Од:

Силниот град и невремето што вчера попладне го зафати овчеполскиот регион уништи 5.000 хектари земјоделски посеви.

Земјоделецот Јонче Досевски од месната заедница на село Црнилиште во општина Свети Николе вели дека според првичните проценки во овчеполскиот регион уништени се 5.000 хектари земјоделски посеви со житните култури, лозови насади, тутум и бостан.

Според она што утринава го имаат констастирано земјоделците на своите посеви уништени се околку 90 отсто од житните култури.

Во тек е жетвата на јачменот, но од она што го уништил градот и невремето оваа година, како што посочуваат земјоделците, во амбарите нема ништо да складираат.

Уништени се исто така и 90 отсто од лозовите насади, а според земјоделците тутунот е набиен во земја, како и бостанот.

Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велков од утринава е на терен и вели дека земјоделците имаат доживеано голема елементарна непогода.

Тој најави дека во текот на денот на увид ќе пристигнат и екипи од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во рамки на ингеренциите на Општина Свети Николе ќе се преземат сите мерки за формирање комисии за утвдување на штетите.

Невремето вчера во светиниколскиот регион се случи околу 17 часот, траело од 30 до 45 минути, а било проследено со силен град и ветар.

Во светиниколското село Црнилиште половина од куќите немаат струја затоа што има паднато повеќе дрвја и електричлни столбови.

Би можело да ве интересира

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

(ВИДЕО) Невреме во Србија: Ветрови со сила на ураган носеа сè пред себе, наврна многу дож, а некаде падна и град

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

(ВИДЕО) Страшна бура го погоди Пожаревац

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тотален хаос во Пожаревац, сè е уништено, силни налети на ветер, штетата е огромна

Горан Наумовски