Гром оштети покрив од куќа во селото Куклиш

Од:

Гром удри во куќа во селото Куклиш, но нема повредени и причинета е мала материјална штета.

Вчера во доцните попладневни часови протипожарната единица од Струмица добила повик дека од удар на гром е запалена електричната инсталација во тавански простор.

– Од ударот на гром настанал спој на електричната инсталација и при тоа се опожаруваат гредите на кровната конструкција. Сопственикот реагирал прибрано и успеал да го угасне пожарот. Интервенцијата на нашите пожарникари траеше околу 40 минути, а причинета е мала материјална штета, информираше Александар Гудев, командир на ТППЕ во Струмица.

Според информации од Центарот за управување со кризи во Струмица вчера и синоќа во регионот наврнале 17 литри дожд на еден метар квадратен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски