Главната ѕвезда на бразилската фудбалска репрезентација и еден од најпопуларните играчи на Мундијалот во Русија на Инстаграм објави заедничка фотографија со репрезентативниот колега Филипе Луис од плажата во Сочи.
Бразилскиот национален тим се наоѓа во базата во Сочи каде се подготвува за натпреварите.
За денес е предвидена отворен тренинг за навивачите на стадионот „Југ-спорт“.
Светското првенство-2018 година почнува на 14 јуни. Бразилскиот тим првиот меч ќе го има на 17 јуни против Швајцарија. Во групата се уште Костарика и Србија.