Во Крушево одбележан роденденот на Тоше

Од:
Денеска на Гумење во Крушево, Спомен куќата на Тоше Проески беше средиштето на чествувањето и сеќавањата за него и за неговиот роденден. Требаше да биде неговиот 32-ри роденден, но сега се само сеќавања, чествување за неговиот голем талент, за неговото големо срце.

Најсилната од сите пораки, тошевата песна, и денеска ги допре срцата на неговите блиски, неговите фанови, почитувач собрани во Спомен куќата. Промоцијата на спотот за песната „Се е ова премалку за крај“ е симболиката на овој 25-ти јануари. Песната на Тоше ја промовираше авторот на текстот и композитор Јелена Трифуновиќ од Србија.

Тоше планираше да ја сними песната „Се е премалку за крај“. Ми кажаа дека е пронајдена во неговиот компјутер. Не можеше да се искористат сите делови. Никша Братош, направи феноменален аранжман, песната заживеа и сега имаме уште еден убав спомен за тоше, рече Трифуновиќ при промоцијата.

Фондацијата на Тоше Проески се грижи за неговите спомен и дело.Оваа песна е потврда дека е големо музичкото наследство што го остави Тоше, вели Андреј Николоски.

Кога човекот го слави својот роденден најблиските го даруваат со најубави желби и подароци. Шеста година по ред нашиот Тоше не е меѓу нас. Не е тука да му ги подариме најискрените желби. Болката и тагата не престануваат. Фондацијата се обидува да го прави она што тој најмногу го сакаше, им подарува и да ги прави среќни своите фанови. За нив подаруваме уште еден голем хит. Секоја негова песна е своја порака. На проектот се 16 песни кои го одбележуваат карактерот на Тоше и најновата „Се е ова премалку за крај, рече Николоски.

На задната страна на обвивката ќе има досега необјавени фотографии на Тоше. Николоски најави и нови песни.

Се работат три нови песни во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт во Лондон. Се подготвуваат уште неколку песни во реномираните европски музички студија, изјави Николоски.

Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска потенцирајќи оти го одбележуваме 32 роденден на Тоше истакна дека во Спомен куќата се втемелени сите негови човечки квалитети, искрени заложби, извонреден талент и уметнички достигнувања кои оставија траен белег во нашата колективна меморија.

Македонските музичари Андријана Јанеска, Билјана Талеска, Александра Пилева, групата „Некст тајм“, „Кристијан и неговиот бенд, Тошевиот бенд уште еднаш ги пееја песните на нашата голема музичка ѕвезда.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски