ВИДЕО: Груевски доцнеше 16 минути на судењето за „ТНТ“

Од:

Со задоцнување од 16 минути почна денешното рочиште за предметот „ТНТ“ на СЈО. Судењето почна покасно поради тоа што не беше присутен обвинетиот Никола Груевски, кој со обезбедувањето се појави во судот во 11 часот и 16 минути.

Судијата Огнен Ставрев рече дека ќе ги пушти снимателите да влезат во судницата кога ќе дојде и поранешниот премиер Никола Груевски.

На судењето ќе се слушаат 26 бомби.

Случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно