Салах: Се уште не знам дали ќе играм против Уругвај

Од:

Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах за време на тренингот во Грозни во пресрет на Светското првенство, даде изјава за неговата состојба.

– Чувствувам дека моето рамо се подобрува, но се уште е непознато дали можам да играм во првиот натпревар. Прерано е да се зборува за тоа. Но, навистина сум возбуден. И мислам дека нема ограничување за нас, изјави Салах.

Египет на Мундијалот во Русија ќе настапи во А-групата против Уругвај (15 јуни), со Русија (19 јуни) и против Саудиска Арабија (25 јуни).

Салах за време на финалето од Лигата на шампионите на 26 мај, настапувајќи за својот клуб Ливерпул се повреди при еден дуел со Серхио Рамос од Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он