Иниеста ќе биде целосно подготвен за СП

Од:

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Хулен Лопетеги по пријателскиот меч против Тунис (1:0), истакна дека играчот од средниот ред Андрес Иниеста ќе биде целосно подготвен за Мундијалот во Русија.

– Иниеста е фудбалер кој може да го одигра целиот натпревар на високо ниво. Оваа сезона имаше падови, но тој беше во можност да ги надминеме. Сега е подготвен 100 отсто, а дали ќе биде во составот за првиот натпревар ќе одлучиме кога ќе дојде време. Ме радува и тоа дека Бускетс се враќа во форма. Убеден сум дека ќе му помогне на нашиот тим.

Шпанија ќе игра во групата Б со Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и Мароко (25 јуни).

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он