Центарот на турската заедница во Виена денеска е нападнат со молотови коктели, соопшти австриската полиција.
– Во нападот никој не настрада, но нанесена е огромна материјална штета на зградата. Уништени се 4.000 книги и опрема, изјави раководителот на Центарот на турската заедница Мурат Барлан.
Тој посочи дека напаѓачите ги скршиле прозорците и внатре фрлиле молотови коктели.
Австриската полиција не соопшти повеќе детали за нападот.