Жбогар: Решението освен за Македонија и Грција ќе биде добро за Регионот и за Европа

Од:

Решението на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Република Грција ќе биде добро за двете држави, но и за Регионот и за цела Европа, изјави денеска амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар за време на посетата на Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Според амбасадорот Жбогар, потребни се трепение и доверба за да тоа се случи.

– Сите тука со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори што се во тек. Мислам дека двете страни ќе може да изнајдат решение кое што освен за двете држави ќе биде добро за целиот Регион и цела Европа. За тоа да се случи ние мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи, изјави Жбогар кој заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Винтон го посетија Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи