Србија, Лихтенштајн и Хрватска се трите држави кои поднеле најголем број претставки до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во 2012 година, се наведува во годишниот извештај на судот објавен на сајтот на институцијата.
Со просек до 6,77 поднесени жалби на 10 илјади луѓе Србија ја предводи листата за минатата година. Следат Лихтенштајн со 4,44 и Хрватска со 4,35 жалби на 10 илјади жители.
Во првите десет се наоаѓаат и Романија со 3,18, Црна Гора со 2,91, Молдавија со 2,63, Словенија со 2.05 и Бугарија со 1.74 претставки 10 илјади население.
Русија е на прво место според бројот на преостанати жалби со 22,3 проценти, следуваат Турција со 13,2 отсто, Италија со 11,1 процент, Украина со 8,2 отсто и Србија со 7,8 проценти.