Шекеринска со интензивна агенда во НАТО пред јулскиот самит – посета на Главната команда на сојузничките сили за Европа

Од:

Македонија е вистински партнер на Алијансата и заслужува да стане сојузник. Членството во НАТО ќе биде признание за нашите напори и ќе ја зајакне безбедноста во регионот. Ова е пораката која министерката Шекеринска денеска и утре во Брисел ќе ја упати до своите колеги – министри од земјите членки на НАТО, во пресрет на јулскиот самит на Алијансата.

Денеска министерката имаше средба со латвискиот министер за одбрана Раимондс Бергманис, а утре на маргините на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, ќе има средби со повеќе министри за одбрана на земји членки на НАТО.

Попладнево во Монс, Шекеринска се сретна со заменик-командантот на Главната команда на сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Џејмс Еверард.

На средбата, министерката истакна дека Република Македонија е цврсто и недвосмислено посветена да ја оствари својата цел – полноправно членство во Алијансата, и дека и Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се фокусирани на внатрешните реформи.

„Македонија е вистински партнер на Алијансата. Преку интензивната соработка со Главната команда на сојузничките сили за Европа, Армијата на Република Македонија гради капацитети кои се целосно компатибилни со НАТО-Алијансата“, рече министерката. Таа изрази надеж следниот самит на НАТО да биде самит на кој реално ќе се валоризираат постигнувањата на земјата и на полето на одбраната, но и во поглед на демократизацијата на општеството, слободата и независноста на медиумите, добрососедските односи. Во однос на безбедноста и одбраната, министерката посочи дека Македонија, со зголеменото учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, продолжува да ги поддржува политиките и напорите на НАТО за воспоставување на мир, слобода и демократија на светско ниво.

Шекеринска истакна дека блиската соработка со Главната команда на сојузничките сили за Европа, е видлива и преку неодамна организираната Конференција за воени партнерства во Скопје на која 180 претставници на НАТО-земјите и земјите-партнери разговараа за операциите на Алијансата и учеството на партнерите, хармонизацијата на партнерските процеси, едукацијата, обуката и тренинзите.

Министерката Шекеринска во Монс ќе го посети и Здружениот оперативен центар на Главната команда, и ќе се сретне со Началникот на воено-партнерската девизија, генерал-мајор Егил Педерсен.

Во текот на утрешниот ден, Шекеринска ќе учествува и на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО и министрите за одбрана на земјите учесници во мисијата „Одлучна поддршка“, со кој претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски