Општина Кочани конкурира со пет проекти во Програмата за прекугранична соработка

Од:

Општина Кочани подготви пет проекти со кои аплицира за добивање финансиска поддршка преку Програмата за прекугранична соработка со општини и институции од соседна Бугарија.

Вкупната сума што се бара со проектите изнесува околу два милиони евра, од кои половина се за кочанската општина, а остатокот е за бугарската страна.

За два проекта, за кои се конкурира преку Центарот за развој на Источниот плански регион, носител е локалната самоуправа и тие се однесуваат на комунално и инфраструктурно уредување на централното градско подрачје.

– Едниот од проектите што е заеднички со бугарската општина Рила, е за парковско уредување на околината на Споменикот на слободата на ридот Лукубија во Кочани, со вкупна површина од 130 илјади метри квадратни. Со оглед дека во градот нема поголема парковска површина, намерата е да се оплемени просторот и да се поправат оштетувањата на споменичниот комплекс. Заедно со општината Разлог пак, аплицираме за финансиска поддршка за доизградба на кејски ѕидови на коритото на Кочанска Река, од последниот сообраќаен мост на северниот дел од градот до локалитетот Бавчалук, со што ќе се регулира текот на реката, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Покрај овие проекти, поднесена е апликација за целосна реконструкција на Мултикултурниот центар, односно на зградата на поранешниот Работнички универзитет „Ленин“, за што заеднички ќе се бараат пари со општината Гоце Делчев од Бугарија. Кочанското ОУ „Св. Кирил и Методиј“, пак, со партнерско училиште од истата општина е носител на проект за подобрување на енергетската ефикасност.

Комуналното претпријатие „Водовод“ е носител на партнерски проект за набавка на превентивен систем, т.н. „дојавувач на пожари“, со што општината ќе биде прва во Македонија во која се применува ваков систем.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски