Министерството за информатичко општество и администрација од денеска има нова веб страница, достапна и за лицата со попреченост.
– Продолжувме со реализација на мерки и активности кои се однесуваат на зголемена транспарентност и отчетност во работењето. На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на Министерството, соопшти МИОА.
Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, како што посочуваат од Министерството, ново на оваа веб страница е и исполнување на дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост.
За целосен пристап до сите информации објавени на веб страницата за лицата со посебни потреби, во тек е имплементација и на останатите меѓународно прифатени стандарди за пристап за лица со попреченост.
Содржините на новата веб страна на МИОА се преведени и на албански јазик, и паралелно сите содржини ќе се објавуваат и на македонски и на албански јазик.