Повеќе од 100 илјади Кинези ќе отпатуваат на СП во Русија

Од:

И покрај тоа што нивната репрезентација не обезбеди учество, повеќе од 100.000 Кинези ќе одат во Русија во живо да ги проследат натпреварите на Светското првенство во 2018 година.

Според „Глобал тајмс“ бројот на кинески туристи кои ќе ја посетат Русија од јануари до јули оваа година се очекува да се зголеми за 50% во споредба со истиот период минатата година.

Туристичката компанија „Ctrip“ објави дека 57 отсто од оние кои купиле турнеја во Русија за Светското првенство се жени.

Домаќинот на Мундијалот очекува кинеските навивачи значително да ги зголемат финансиските бенефиции од организацијата на СП. Како пример, еден од кинеските навивачи потрошил 132.700 долари за да присуствува на еден натпревар.

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он