Во писмо до Генералниот секретар на ООН, ОМД бара правда за Македонија

Од:

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), со седиште во Вашингтон, испрати писмо до Генералниот Секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутерес, со барање да го искористи својот авторитет и да ја повика меѓународната организација кон спроведување на правото на само-определување, со што би и се доделило рамноправно членство на Македонија во ООН под нејзиното уставно име, и воедно ставило крај на неправдата со која се соочува земјата во изминатите дваесет и пет години.

Во продолжение целиот текст на писмото:

Почитуван Генерален Секретар Гутерес,

Во 2018-тата година, Обедитетите Нации бележат 70 години откако Генералното Собрание ја усвои Универзалната Декларација за Човекови Права, и со тоа го загарантира правото на само-определување на нациите во меѓународната организација која вие ја застапувате. Како Федеративна Република на тогашна Југославија, Македонија беше една од основачите на Обединетите Нации и воедно поборник за правото на само-определување, кое што е сериозно загрозено со преговорите за името со посредство на ОН, кои се одолговлекуваат до недоглед.

На 8-ми Април 1993, по поднесувањето на А / 47/876-S / 25147 и препораката на Советот за Безбедност, Генералното Собрание на ООН ја призна Република Македонија како независна и суверена нација. Во овој момент, Македонија членува во ООН под привремената референца “Бивша Југословенска Република Македонија”, поради преговорите со Грција, наведени во документот A / RES / 47/225. Имајќи ја предвид исклучително тешката ситуација на Балканот и немирот во регионот, Македонија се одлучи за преговори со својот сосед со цел да изнајде компромис, наместо да прибегнува кон оружје, уништување, терор, блокади или ембарга. Со цел Грција да го укине своето речиси тригодишно економско ембарго кон Македонија, земјата беше принудена, под присила, да ја прифати времената спогодба на ООН од 1995 година, и воедно да го промени своето знаме и устав. Во светот не постои друг пример од ваков тип.

Според Конвенцијата на Обединетите Нации и Законот за Договори потпишан во Виена во 1969 година, договорите потпишани под принуда се технички неважечки.

25 години подоцна, се забележува сосем мал напредок во таканаречените “преговори за името”. ООН, и покрај тоа што четири постојани членки на Советот за безбедност и 133 други земји воспоставуваат дипломатски односи со Македонија под нејзино име, сè уште не е поблиску до решавање на прашањето за името – Република Македонија. Името на секоја земја е предмет на само-определување и како такво, Македонија има право да одлучува за него, особено поради тоа што тврдењата на Грција за името се поврзани со провинцијата Македонија, а не со македонската нација. До ден денешен, Македонија е претставена во ООН како Бивша Југословенска Република Македонија, која што референца е наменета да дејствува како привремена мерка за време на траење на преговорите за името помеѓу Македонија и Грција.

Во текот на овие 25 години, Македонија, почитувајќи ја повелбата на ООН и меѓународното право, никогаш не била причина за воспоставување на негативни мерки или политики. Напротив, Меѓународниот Суд на Правдата пресуди против Грција, поради прекршувањето на меѓународното право и закон за преговори во рамки на ООН од 1995 година. Освен тоа, специјалниот претставник на ООН за малцински права издаде детален извештај во 2008 година во кој се нагласува грчката неправда врз правата на малцинствата, поради своето непризнавање на македонско национално малцинство. И покрај фактот што ООН е организација чија цел е спроведување на меѓународните правни механизми за заштита на слабите, од силни нации со поголема моќ и влијание, нема направено ништо за да ја спроведе оваа цел за Македонија. ОМД, како водечка организација што ја претставува македонската дијаспора, смета дека ова е крајно неправедно.

Со години, Македонија е мета на грчката критика поради фактот што го споделува своето име со северниот грчки регион. Од почетокот на овој спор околу името, Грција го негираше постоењето на македонската етничка припадност, идентитет, историја и јазик. Ние веруваме дека Грција мора да се придржува кон Повелбата на ООН и да се помири со фактот дека вкупно 137 нации, кои сочинуваат околу две третини од Генералното Собрание на ООН, веќе ја признаа Македонија под своето уставно име. Според тоа, време е Грција официјално да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Нација каква што е македонската, има потреба од признавање на македонскиот идентитет, чие што негирање претставува опасност по губењето на својот капацитет да формулира договори и самостојно да ги регулира своите односи со другите субјекти.

Исто така, ОМД ја искажува својата непоколеблива поддршка за задржување на единственото уставно и праведно име на Македонија, ги отфрла сите обиди за промена или наметнување на секое друго име врз Македонија и македонскиот народ, и воедно ја повикува македонската Влада да ги прекине тековните преговори во рамки на ООН и да поднесе резолуција пред Генералното Собрание на ООН за користење на името – Република Македонија.

Како Генерален Секретар на Обединетите Нации, ве молиме да го искористите својот авторитет и да ја повикате меѓународната организација кон спроведување на правото на само-определување, со што би и се доделило рамноправно членство на Македонија во ООН под нејзиното уставно име, и воедно ставило крај на неправдата со која се соочува земјата во изминатите дваесет и пет години.

Со почит,

ОМД

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство