Отворена нова сезонска авиолинија од Охрид до Варшава

Од:

Првиот лет од Варшава пристигна на 4 јуни во 16.20 часот на oхридскиот аеродром „Св. апостол Павле“, во организација на полскиот тур-оператор „Рејнбоу“, опериран од страна на авиокомпанијата „Ентер ер“.

Новите сезонски летови Варшава-Охрид-Варшава ќе се одвиваат секој понеделник за време на летната сезона до 21 септември. Авионите од моделот „боинг 737-800“ ќе пристигнат од Варшава на аеродромот во Охрид со почеток во 16.20 часот и ќе заминат за полскиот главен град во 18.30 часот.

Минатото лето беше отворена линијата Катовице-Охрид. Сезонските летови од Варшава треба да донесат околу 3.000 патници на аеродромот во Охрид, а заедно со летовите од Катовице, организирани од „Рего бис“ и „Смол планет ерлајнс“, се очекува да слетаат вкупно 9.000 патници од Полска на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година.

„Рејнбоу“ е еден од двата најголеми полски тур-оператора и соработува со полската чартер-авиокомпанија „Ентер ер“.

Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година и постојните кон Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, аеродромот во Охрид има 8 сезонски дестинации за време на летната сезона и 3 редовни рути во текот на годината – Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година „Визер“ ќе воведе нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе функционира во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска