МЗТ Скопје Аеродром го потврди настапот во АБА 2 лигата

Од:

МЗТ Скопје Аеродром и седма сезона по ред ќе настапува во јадранската конкуренција, откако управата на клубот и официјално го потврди настапот во АБА 2 – лигата.

– Ова за нас ќе биде ново искуство со оглед што досега бевме дел од најсилната конкуренција во ова натпреварување, но тоа нема да го намали ентузијазмот и желбата за надигрување на сите во таборот на нашиот клуб. И во следната сезона против себе ќе имаме реномирани екипи, меѓу кои ќе бидат и поранешни европски прваци како Сплит и Босна, што сигурно ќе бидат дуели примамливи за гледање како за нашите навивачи и симпатизери така и за неутрални спортски вљубеници кај нас, велат од МЗТ.

Раководството на клубот очекува преку средбите во АБА2-лигата помладите македонски кошаркари да стекнат искуство.

– Пред нас сега е период на оформување на составот со кој следната сезона ќе пробаме да ја вратиме шампионската титула во „Јане Сандански“ и достојно да ја презентираме Македонија на меѓународната сцена, е ставот на управата на „сино-белите“ од Аеродром.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска