ТВ Нова пред стечај-закажано судско рочиште

Од:

Основниот суд Скопје 2 преку стечајната судијка Ирена Петрушевска на 22 јуни закажа рочиште пред отворање стечај за телевизијата на Сеад Кочан „Нова“.

43 поранешни вработени како доверители кои го бараат стечајот, бараат да и бидат исплатени сите плати и придонеси. На барањето е потпишана и урендичката Анита Петровска Рајковиќ. За привремен стечаен управник е определна Христина Јоновска, која треба да го заштити имотот на должникот со сите средства до донесувањето одлука за отворање стечајна постапка.

Вработените се надеваат дека ќе се договорат со раководството за исплата на заостанатите плати без да биде отворена стечајна постапка.

Пред повеќе од еден месец беше отворена претстечајна постапка за ТВ Нова. Стечајот го покрена кабелскиот оператор „Роби Телекабел“, како еден од доверителите. Од менаџментот тогаш тврдеа дека кабелскиот оператор спроведува цензура. Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма.

Десетина новинари одамна заминаа од телевизијата поради неколку неисплатени плати. Сопственикот на телевизијата, Сеад Кочан, е обвинет во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, за кого набрзо се очекува пресуда.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март