Саудиска Арабија соопшти дека денеска ги издала првите 10 возачки дозволи на жени, но активистките кои се бореа за правото на жените да возат и понатаму се во притвор во земјата.
Единствената земја во која на жените им е забрането да возат, планира да ја укине таа одредба на 24 јуни, а првите 10 дозволи на жените денеска им беа врачени во Министерствоот за сообраќај. Пред да ги добијат дозволите, 10-те жени поминаа брз тест за возење, бидејќи тие веќе имаат возачки одзволи од други земји – Велика Британија, Либан и Канада.
Ненадејниот потег на Ријад следеше откако четири активистки се уште чекаат во притвор на одлуката дали ќе им се суди, откако започнаа кампања за право на жените да возат. Како едне од обидите за модернизација и реформи на Саудиска Арабија, престолонаследникот принцот Моахамед Бин Салман минатата година донесе уредба со која од средината на годинава им е овозможено на жените да возат во земјата.