„Сите заедно за безбедно лето“ проект на СВР Куманово

Од:

Младите да го поминат летото во пријатна атмосфера во дружба и пријателство, а не со ризици по безбедноста.

Ова порака денеска ја упати СВР Куманово на презентацијата на проектот „Сите заедно за безбедно лето “ кој ќе го спроведува полицијата во Куманово во текот на летниот период.

Манифестацијата која што е дел од проектот „Безбедни училишта“ е со цел да се посочи дека на младите треба да им се посвети повеќе внимание и љубов, особено во летниот период кога децата се на распуст, а родителите на работа.

-Во пресрет на летниот распуст кога учениците имаат повеќе слободно време преку учесниците во денешната активност наречена „Сите заедно за безбедно лето“ се настојува да се упати порака до родители, институции, организации, здруженија сите да посветат внимание на младите, пред се на малолетните лица, во летото да се насочат во креативни активности наспроти посета на напуштени места, улици, онаму каде шо има ризици по однос на безбедноста, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција при СВР Куманово

Манифестацијата ја отвори и поздрави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Отсекот за превенција при СВР Куманово преку различни активности веќе седум години го имплементира проектот „Безбедни училишта” , кој е поддржан од мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он