Под мотото „Две од оние“: Арт-акт-ум за моралот и предрасудите, Здружението за поддршка на маргинализирани работници СТАР-СТАР, ќе го одбележи Меѓународниот ден на сексуални работници, 2 јуни.
По тој повод, вечер во галерија „Аквантус’ ќе се одржи изложба на фотографии со дамите на ноќта, насловена „Две од оние“, на авторките Лилика Стрезоска, Елена Фиданска, Анита Березњак и Ирена Мила.