Презентација на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Од:

Во организација на Фондацијата за интернет и општество – Метаморфозис и Центарот за европски стратегии Евротинк, денеска ќе биде презентиран проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој има цел да се поттикне соработката на полето на развој на критичко мислење и медиумска писменост во духот на отвореност и соработка на сите засегнати страни.

Според организаторите, како основ за дискусија преку која учесниците ќе може да ги презентираат своите идеи и потреби, претставници на проектниот тим концизно ќе ги објаснат целите на проектот и очекувањата. Како дел од претставувањето на контекстот претставничката на Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги (АВМУ) ќе има можност да ги пренесе ставовите и согледувањата на Агенцијата во областа на медиумска писменост, како и да ги претстави пошироките можности за соработка преку Мрежата за медиумска писменост на РМ.

Проектот, со поддршка на ЕУ ќе се спроведува во наредните три години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март