(ВИДЕО) Заев: До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение за името

Од:

Со решение за името, шансите се огромни да добиеме датум за преговори со ЕУ, рече премиерот Заев на пратеничко прашање oд опозицијата – дали Македонија има гаранција дека ако го смени името ќе добие датум за членство во ЕУ.

„Убеден сум дека сме на пат кон можно решение. Шансите се огромни да добиеме датум со решение на спорот штo трае 25 години. До 20 јуни да се обидеме да најдеме решение“, рече Заев.

Премиерот не одговори дали прифаќањето на ерга омнес важи за кој било друг предлог за името, како што важеше за предлогот Илинденска Македонија, прашање кое кон него го упати пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа побара одговор и зошто Грција го одби предлогот Илинденска откако Заев објави дека за тоа се договориле со Ципрас.

„За да го соопштам Илинденска, значи со Ципрас сме се усогласиле до степен да се провери овој предлог дома со другите чинители. На лидерската средба бев убеден дека има надеж, но грчката страна, за жал, го одби предлогот“, рече Заев.

Во врска со нон-пејперот, Заев го повтори ставот на Владата дека не е тајна оти во ЕУ има дебата за процесот на проширување и дека Холандија и Франција се скептични, но тоа според Заев не требало да ја обесхрабрува Македонија, која добила чиста препорака во последниот извештај на ЕК.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата