Втор состанок на Работната група за биолошка разновидност кој во рамките на претседавањето на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија ќе се одржи на денеска во Скопје.
Членки на работна група која е дел од пошироката Регионална работна група за животна средина се претставници на надлежните министерства од Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово* и Србија.
На состанокот, меѓудругите, ќе се обратат заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, како и високи претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC), Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) и ГИЗ Oтворен регионален фонд за биодиверзитет за Југоисточна Европа.