Новинарите на А1 да платат прекршок зашто лажно се претставиле, рече адвокатката на обвинета во „Титаник“

Од:

Адвокатката на обвинетата Катерина Веловска, во воведниот говор за предметот „Титаник”, се повика на исказите кои во СЈО ги дале поранешните новинари во ТВ А1, Сашка Цветковска и Наташа Стојановска кои ја објавија сторијата за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивната сторија тие објавија за финансирањето на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ објавена на телевизијата А1.

Според адвокатката, на нивниот исказ судот не смее да ја темели пресудата, бидејќи сториле прекршок и лажно се претставиле како лица од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ кога телефонски ги контактирале лицата.

Таа наведе дека новинарите со лажното претставување го прекршиле Законот за јавниот ред и мир за што е предвидена казна од 600 до 800 евра.

Таа побара нивното сведочење поради овие причини судот да не го земе предвид. Рече и дека за нејзината клиентка настапила и релативна и апсолутна застареност на кривичното гонење.

Судењето за „Титаник“ продолжува со воведни говори на останатите адвокати, кои се повикуваат на помилувањето на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески