Зголемен бројот на дипломирани во 2017-та во однос на 2016 година

Од:

Во 2017 година во Македонија дипломирале вкупно 8.545 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, што во споредба со 2016 година е зголемување за 3.6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Од нив, на државните високообразовни установи дипломирале 6.460, на приватните 2.045 и на верските факултети 40 студенти.

Од вкупниот број дипломирани, 82.1 отсто се редовни, а 17.9 отсто се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студентки е 57.5. Во рок дипломирале 38.6 проценти, а 61.4 отсто дипломирале по рокот.

Би можело да ве интересира

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава

Производителите ги покачија цените на индустриските производи

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет