Кочанските титовисти го одбележуваат Денот на младоста

Од:

Членовите на здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани по осми пат го одбележаа 25 Мај, Денот на младоста и роденденот на нивниот патрон.

Штафетата на младоста – некогашниот симбол на денот на младите повторно беше пронесена низ улиците на градот, а потоа на прославата што се одржа на платото во Трговскиот центар, младинци му ја предадоа на претседателот на Здружението, Трајан Трендов.

Според кочанските титовисти, негувањето на спомените од минатото се поврзани со еден од најубавите денови во мај, кога младината од целата поранешна заедничка држава го славеше роденденот на маршалот Тито.

– Горди сме што живеевме во време кога се почитуваше трудот и достоинството на поединецот, време во кое македонскиот народ ја оствари вековната желба да добие сопствена држава и сето тоа како резултат на визијата на еден голем човек каков што беше Тито. Годинава се собравме во најголем број досега, ни дојдоа гости и од неколку градови во Македонија и од Србија, што е вистински доказ дека стекнатите вредности од титовото време не треба да се забораваат, истакна Трендов.

Со песна и оро на свеченоста во центарот на Кочани се придружија повеќемина граѓани кои рекоа дека им е убаво што барем со мислите се враќаат во времињата кога се живеело подобро, кога од Гевгелија до Крањ се патувало без пасош, а сегашните различни народи славеле исти празници.

Во Здружението активни се над 200 повозрасни членови, но според Трендов интерес за зачленување има и меѓу младите, кои освен на прославите свој придонес даваат и во организирањето хуманитарни акции.

Прославата на Денот на младоста и роденденот на Тито членовите на здружението ја продолжија со традиционална заедничка веселба и ручек во месноста Кај дабот, во близина на селото Бели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски