Поддржувачите на Груевски: „Не те даваме, И 100 години да те осудат“, „Главата горе Претседателе“…

Од:

„Не те даваме, И 100 години да те осудат, тоа нема да го смени фактот дека ТИ си таткото на модерна Македонија“, „Ќе бидеш запишан во историјата како позитивна личност колку што те напаѓаат повеќе си по авторитетен главата горе“, „Главата горе Претседателе“…

Ова се пораките кои десетици граѓани му ги напишаа на експремиерот Никола Груевски на неговата фан-страница на „Фејсбук“. Со големи букви, многу правописни грешки и нагласена интерпункција, граѓани му искажаа поддршка на експремиерот по изречената пресуда за случајот „Тенк“.

„Поддршка и многу скоро да се врати државата на народот, нашата Македонија е киднапирана и уценета држава!!!“… „И вие клававте по некој денар на страна.. Ама барем гледавте и за народот! Овие ветуваа ЖИВОТ, а веќе ЖИВОТОТ ЗА ПОЛА ИМ ГО СКРАТИЈА НА НАРОДОТ! Ке дојде денот на клањање ,,Никола врати се НАЗАТ“.

„Биди силен Војводо , и други Војводи поминале низ пекол но не биле заборавени, секогаш нивната храброст ке остане во Македонската историја“. „Секогаш и од памтивек жртви за Мк биле правите Македонци. Овој пат тоа сте ВИЕ ГОЛЕМ МАКЕДОНЕЦУ. Горди сме што Ве имаме жив“, „Вас ве кршат за да можат нас да не скршат, издржете нема да им успее, нема да се откажеме нема да се предадеме“, „Прецедателе имас голема подрашка од сите нас и сите краиста на Македонија за жал сите сто ја сакат оваа дрзава ги осудувааат зосто си ја сакат МАКЕДОНИЈА“…

Почесниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера се огласи на „Фејсбук“ по објавувањето на пресудата против него за случајот „Тенк“ на СЈО. Тој ги повика македонските граѓани да ја кренат главата и да не забораваат дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга и им порача дека доаѓаат подобри времиња.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ