Екипата на Рома оствари минимална предност во првиот полуфинален дуел од „Копа Италија“. Во еден од највозбудливите натпревари во оваа натпреварување сезонава, Рома синоќа пред своите навивачи на „Олимпико“ во Рим го победи Интер со 2:1.
Алесандро Флоренци (13.минута) и Матео Дестро (33) му донесоа водство на домаќинот ос 2:0, а единствениот гол за Интер го постигна Рикардо Паласио (44).
Во првиот меч од другото полуфинале, Јувентус и Лацио одиграа нерешено 1:1.
Реваншот Лацио – Јувентус е закажан за 29 јануари, додека Интер – Рома ќе се игра на 17 април.