Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата по пресудата за Груевски

Од:

По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница.

Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.

Претходно Собранието не ги изгласаа измените на Законот за акцизите, предложен токму од опозицските пратеници. Со овие измени се предлагаше намалување на акцизата на дизел горивото за три денара по литар од 15,121 денари на 12,121 денари по литар и намалување на акцизата на гасното масло, што се користи како гориво за греење односно црвена нафта за три денари по литар од 6,136, на 3,136 денари по литар. Со измените всушност се бараше враќање на старата цена на дизелот, со што би се излегло во пресрет на граѓаните имајќи предвид, што според нив, зголемувањето на цената на дизелот негативно се одразил врз буџетот на секое семејство.

Пратениците од владејачкото мнозинство кои останаа во салата го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети кој го презентираше Годишниот извештај за неговата работа.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции