Вмро- Дпмне со незаконски донесениот буџет ја внесе Македонија во политичка криза. Ако Никола Грувески одбива да се соочи со последиците кои произлегоа по тој црн понеделник тоа не значи дека нема вина за настаните. Целиот проблем е настанат кога во Влада се испраќа Предлог-буџетот без потпис од претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, тука прв пат е прекршен Деловникот за работа на Собранието. На црниот понеделник Уставот e прекршен повеќе пати, само ќе напоменам дека на пратениците им беа одземени картиците за работа, а со тоа одземено правото да гласаат за Предлог-буџетот, замислете некој донел одлука да не дозволи дел од пратениците да гласаат!
Лидерската средба доживеа неуспех. Причините се јасни, Груевски игнорира дека ДПМНЕ на сила, незаконски донесе буџет. Црвенковски не смее да попушти, ако попушти нека прогласи коалиција со ДПМНЕ. Во ситуација кога полиција тепа пратеници, нема место во Собрание за демократи. Очекувано e од Груевски да се прави дека не се случило ништо, исто како што е очекувано да Црвенковски остане на ставот дека само нови предвремени избори ќе го вратат легитимитетот на Собранието, назад нема.
Што понатаму ? ДПМНЕ тврди дека нема да има предвремени парламентарни и дека ќе оди на локални избори со или без СДСМ, а опозицијата дека ако нема парламентарни нема да учествува ниту на локални. Како ќе изгледаат тие локални во март без опозицијата? СДСМ најверојатно тој ден ќе протестира низ цела Македонија. Замислете слика пред секое избирачко место протестираат по 200 луѓе! Па таа слика во светот ќе покаже дека изборите се нелегитимни, никој нормален не би прифатил резултати од такви избори. Како може Груевски да ја спречи таа слика да стигне до Европа ? МВР ќе уапси 20.000 луѓе пред сите избирачки места или ќе обезбедува евентуален протест на повеќе од 60.000 луѓе пред Собрание, МРТ, Влада?
Опозицијата сега само мора да остане цврсто на ставот за бојкот на избори организирани од Влада во која министер на МВР е од ДПМНЕ, мора да продолжат со протестите, блокирањето на патиштата, за да нема следна глупост од Вмро- Уплашена. Ако можеше да смислат тепање во Собрание тогаш што ли е ќе е следно? Мора да одржат тензија да уплашените, од кукавичлук, не направат поголема глупост.
Ако Никола Груевски продолжи со инает следен чекор на опозицијата е враќање на пратеничките мандати. Враќањето на мандатите ќе покаже дека СДСМ е озбилна и дека оди до крај, продолжувањето на протестите ќе покаже дека ДПМНЕ нема веќе простор, а останувањето на ставот на бојкот на изборите ќе биде моментот каде ДПМНЕ ќе мора да попушти и да распише предвремени парламентарни избори. Не верувам дека ќе се осмелат ад одат на избори кои ќе бидат нелигитимни, па да си предизвикаат над 100.000 граѓани пред Собрание, Влада и МТВ. Опозицијата денес сигурно вреди над 400.000 гласови, замислете да ги повикаат гласачите барем на денот на изборите да бидат на само 2 часа на улица, нека од нив излезат само 100.000 луѓе, како ли мислат да полицијата тој ден ги обезбедува улиците и гласачките места. Не верувам дека Груевски ќе продолжи со игнорирањето, а уште помалку верувам дека опозицијата ќе попушти.
Џелал Хоџиќ
Граѓански активист