Луѓето кои го открија прислушувањето во Македонија, номинирани за награда во чест на убиената малтешка новинарка

Од:

„Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање”. Под ова мото, во Европскиот Парламент на 29 мај ќе биде доделена награда, која секоја година ја доделуваат парламентарни групи во оваа европска институција. Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Meѓу номинираните се укажувачите oд Македонија (т.н. „свиркачи“) Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Одлуката за наградата ќе ја донесе деветчлено жири, меѓу кои, членуваат истражувачки новинари и укажувачи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март