Левица ќе поднесе кривична пријава против Зоран Заев

Од:

Политичката партија Левица најави дека ќе поднесе кривичната пријава против премиерот Зоран Заев за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на „загрозување на независноста“, а причините за тоа ќе ги образложи на утрешната прес-конференција пред седиштето на Основното јавно обвинителство – Скопје.

– Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он